продолжение
мн. продолженија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 4927
1.
Продолжување на прекинат процес, на нешто што уште трае, што не е доведено до крај (седница, конференција, приредба)
Англиски:
continuation
Албански:
vazhdim
Продолжението од седницата се одлага за утре.
2.
Дел што следува од нешто започнато а не претставено во целост (филм, роман, статија, телевизиска серија)
Англиски:
continuation
Албански:
vazhdim
Продолжението на филмот ќе го гледате по вестите.
3.
Продолжување на натпревар поради постигнат нерешен резултат во регуларното време или поради прекин во текот на играта.
Примери:
Во продолжението домашната екипа победи на пенали.