продолжи
продолжат; продолжам; продолжел; продолжен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 203
1.
Направи нешто да биде подолго, да трае подолго.
Примери:
Селаните со сопствени средства го продолжија патот до селото.
Го продолжија престојот во странство за уште три месеци.
2.
Нешто што било во тек направи да трае и понатаму (до завршување).
Примери:
Тој не беше сигурен за правецот, но продолжи да оди.
Продолжи да зборува.
Претставата ќе продолжи по кратка пауза.
3.
(се продолжи, само во 3 л.) Стане подолг, трае подолго.
Примери:
Животот сега се продолжи.
Денот се продолжи.
Изведенки
1.
продолжува несв.
(се) продолжуваат
(се) продолжуваат
2.
продолжување ср.
глаг. им.
глаг. им.