а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

продолжи

продолжат; продолжам; продолжел; продолжен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 203
1. Направи нешто да биде подолго, да трае подолго.
Англиски: extend Албански: zgjat
Примери:
Селаните со сопствени средства го продолжија патот до селото.
Го продолжија престојот во странство за уште три месеци.
2. Нешто што било во тек направи да трае и понатаму (до завршување).
Англиски: continue Албански: vazhdon
Примери:
Тој не беше сигурен за правецот, но продолжи да оди.
Продолжи да зборува.
Претставата ќе продолжи по кратка пауза.
3. (се продолжи, само во 3 л.) Стане подолг, трае подолго.
Англиски: lengthen Албански: zgjëron
Примери:
Животот сега се продолжи.
Денот се продолжи.
Изведенки
1. продолжува несв.
(се) продолжуваат
2. продолжување ср.
глаг. им.