прочуе
(се) прочујат; прочу, прочува, прочуја; прочул; (ќе) прочуев, (ќе) прочуеја; (ќе) прочуел; прочуен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11824
1.
Стане многу познат со квалитет, особено својство.
Англиски:
become famous
Албански:
bëhet i famshëm
Квалитетот на кашкавалот се прочу низ цела Европа.
Неговата храброст веднаш се прочу во околните села.
Девојката се прочу по својата убавина низ целото маало.
2.
Стане општо познато, настан, случка.
Англиски:
become famous
Албански:
ndëgjoj, përhap
Добриот глас се прочу надалеку.
Настанот се прочу низ целото село.
Срамот се прочу во двете села.
3.
Стане општо познато.
Примери:
Се прочу дека таа ќе биде директорка во фирмата.
Се прочу дека тој дал оставка.