прошири
прошират; проширен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3293
1.
Направи нешто да стане пошироко.
Примери:
Тој ја прошири вратата во кујната.
2.
Наголеми во обем, по број, по количина.
Примери:
Заводот ја прошири наставната програма оваа година со нови теми од областа на природните науки.
Театарот го прошири сопствениот репертоар со нови претстави.
Тој ги прошири своите знаења од информатиката.
Слично со:
зголеми (св.)
3.
Распространи сопствено влијание, засили.
Англиски:
extend
Албански:
zgjëroj, zmadhoj
Партијата за неколку години го прошири своето дејствување низ целата земја.
Слично со:
распространи (св.)
4.
За болест, зараза - пренесе на повеќе луѓе.
Англиски:
spread
Албански:
zgjëroj, përhap
Болеста ја проширија заразените животни.
Слично со:
пренесе (св.)
5.
За вест, глас - разнесе на широк простор.
Англиски:
distribute
Албански:
përhap
Веста за неговото доаѓање ја проширија печатените медиуми.
Слично со:
разнесе (св.)
6.
(се прошири) Наголеми обем, простор и сл.
Примери:
Тие се проширија оваа година, купија поголем стан.
Слично со:
наголеми (св.)
7.
(се прошири) Наголеми количина, број и сл.
Примери:
Нивните знаења се проширија во оваа област.
Слично со:
наголеми (св.)
8.
(се прошири) Се распространи, се интензивира.
Англиски:
intensify
Албански:
intensifikoj, përhap
Христијанството се прошири за многу кратко време.
Овој процес се прошири на сите региони во светот.
Веста за неговото пристигнување брзо се прошири во народот.
Слично со:
интензивира (св. и несв.)
Изведенки
1.
проширува несв.
2.
проширување ср.
глаг. им.
глаг. им.