прст
мн. прсти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 310
1.
Крајните делови на раката или на ногата.
Употреба:
Анатомија
Примери:
Му измрзнаа прстите на раката.
прстот на ногата
2.
Дел од ракавицата што ги покрива прстите.
Примери:
ракавица со пет прсти
ракавица со еден прст
3.
како единица мерка
Англиски:
fingerbreadth
Албански:
gishtmatje
Еден прст кајмак се нафатил на млекото.
Треба да плетеш уште три прсти.
Попушти уште за еден прст.
4.
Горниот растресит дел од почвата.
Примери:
малтер од прст и слама
прст и плева / прсиплева, плева
Изрази
Крши прсти - манифестира голема загриженост.
Му гледа низ прсти - му попушта, свесно не ги забележува грешките на некого.
Се бројат на прстите на една рака - многу малку се.
Брои на прсти - не знае да смета.
Има замешано прст(и) во таа работа - се има замешано во нешто.
Прстите да си ги излижеш - зготвено многу вкусно.
Со прст покажува на него - го изложува некого на срам, на укор.
Го знае (тоа) на прсти - знае целосно, напамет.
На малиот прст не можеш да му се фатиш - не си достоен за него.
На малиот прст не можеш да му се фатиш - ништо не му можеш, многу е силен.
Остане со прстот в уста - остане без ништо, ништо не доби, оствари, постигне.
Со прст не го пипнал - не го удрил.
Гол како прст - сиромав, без ништо.
Прст пред око не се гледа - голема темница, целосен мрак.
Ни со прст не мрдна - не направи ништо за некоја работа или за некого.
Клај си го прстот на умот - помисли добро што правиш.
Прст божји - виша сила.
Врата кај што ќе скрца, прст не клавај (посл.) - каде што се насетува опасност, не замешувај се.
Сите прсти не се еднакви - не можеме да бидеме сите исти.
Сите прсти еднакво болат - мајката жали (гледа) за секое свое чедо.
Врти некого околу малиот прст / прсте - има целосна контрола над некого.
Добие по прсти - укорен е.
Има лепливи (долги) прсти - сака да поткраднува, краде.
Има (нешто) во малиот прст - темелно познава или е добро верзиран во нешто.
Покажува со прст на - фрла вина на некого.
Покажува со прст на - точно лоцира или идентификува нешто или некого.
Оди на прсти - оди многу внимателно, полека, тивко.
Изведенки
1.
прсте ср.
мн. прстиња
мн. прстиња
2.
прстенце ср.
(едн.)
дем. и хип.
(едн.)
дем. и хип.
3.
прстуле ср.
(едн.)
дем. и хип.
(едн.)
дем. и хип.