птица
мн. птици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 478
1.
’Рбетник обраснат со перје, со крила, клун и две нозе што може да лета.
Примери:
јато птици
песнопојна птица
птица грабливка
2.
Човек со лоши особини, што се прави важен поради својата положба.
Изрази
Грабливи птици - птици што се хранат со помали птици, стрвина и риби.
Преселна птица - птица што зимскиот период го поминува во јужните краеви.
(прен.) Преселна птица - човек што често го менува местото на живеење.
Ноќна птица - птица што лови ноќе.
(прен.) Ноќна птица - човек што води ноќен живот.
Рајска птица - фамилија птици со прекрасни бои на пердувите.
Железна птица - авион.
Ретка птица - нешто што многу ретко се среќава во животот и во природата.
Живее (е) како птица на гранка - живее безгрижно.
Живее (е) како птица на гранка - живее непостојано, од едно место на друго.
Изведенки
1.
птиче ср.
мн. птичиња
мн. птичиња
2.
птиченце ср.
мн. птиченца
мн. птиченца
3.
птичка ср.
мн. птички
дем. и хип.
мн. птички
дем. и хип.
4.
птичиште ср.
мн. птичишта
мн. птичишта