а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пувка

мн. пувки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 19502
1. Предено исечено на парчиња и собрано во топче, служи како украс на облека и обувки.
Англиски: pompon Албански: xhufkë
Примери:
Детето носеше капа со шарена пувка.
Опинци со пувки на врвовите.
2. Кај некои птици, израсток од пердуви на главата во форма на туфка.
Англиски: crest Албански: kreshtë, xhufkë
Употреба: Зоологија
3. Печурка во облик на туфка, свежа е многу вкусна, а кога е сува со допир пуфнува ширејќи кафеав прав.
Латински: Lycoperdon bovista Англиски: puffball Албански: lloj këpurdhe, xhufkë
Употреба: Ботаника
Примери:
Бабата со пувка полна со прав ми ја посоли раната.
4. Вид слатки од белки и шеќер; целувки.
Англиски: meringue Албански: merengë
Употреба: Гастрономија
5. Пуканки од зрна пченка.
6. Коњски измет.
Англиски: horse droppings Албански: glasë kali
Употреба: Дијалектен збор
Изрази
Тој мене ќе ми продава пувки - мисли дека ќе ме лаже.