пупка
мн. пупки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4811
1.
Зародиш на изданка или на цвет, често опколен од лушпести ливчиња.
Примери:
Млада е како пупка на цвеќе.
пупка од трендафил
2.
Дојка, брадавица на цицка.
Примери:
Под тенката блуза ѝ се гледаа пупките.
Слично со:
брадавица (ж.)
3.
Мало округло обредно лепче, обично за раздавање на гробишта.
Примери:
Испече пупки за раздавање.
Слично со:
пупале (ср.)
4.
испупчено место
Примери:
Пупки врз површината на гумата.
Изведенки
пупче ср.
мн. пупчиња
дем.
Пример: пупчиња од трендафил
мн. пупчиња
дем.
Пример: пупчиња од трендафил