работен
Види и:
работи (несв.)
работни
Вид збор: Придавка
Ранг: 238
1.
Кој сака да работи, трудољубив.
Англиски:
diligent
Ќерка му беше многу работна.
Зеде жена работна.
2.
Кој работи, кој живее од својот труд.
Англиски:
working
работниот народ
работните луѓе, работните маси
3.
За време на кое се работи, наменет за работа.
Англиски:
busy
работно време
скратено работно време
работен час
во работен ден
Спротивно од:
празничен (прид.)
4.
За животни - кој дава корисна работа.
Англиски:
working
работен добиток
работен коњ
Слично со:
корисен (прид.)
5.
Назначен за работа; кој се употребува за време на работа.
Англиски:
professional
работен кабинет
работна маса
работна просторија
работна соба
работна облека
Слично со:
професионален (прид.)
6.
Воопшто што се однесува на работа, што служи за работа.
Англиски:
occupational
работна атмосфера
работни навики
работен однос
работен карактер
Изрази
(разг.) Работна сила, рака (труд, енергија) - збир од физички и умствени способности што човекот ги користи при работа.
Работна сила - луѓе коишто извршуваат или се способни да извршуваат некаква работа.
Работен народ (маса, луѓе) - луѓе што работат, што живеат од својот труд.
Работен колектив (заедница, организација) - сите вработени во една установа, претпријатие и сл.
Работен стаж - определено време што треба да се помине во работен однос за да се стекнат определни права; време поминато во работен однос.
Работен однос - однос меѓу работникот и работодавецот.
Работен добиток - животни што се користат за извршување корисна работа.
Работна акција - доброволна работа од јавен интерес што ја извршуваат определени општествени, пред сѐ младински организации.
Работно место - работа, служба, должност на работа; место на извршување на работата.
Работна рака - човек (луѓе) како работник.
Изведенки
работно прил.