рабуш
мн. рабуши
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 30305
Дрвце (стапче) на кое во минатото се бележеле сметки при купување, разделено по должината на два дела, за продавачот и за купувачот, кои при купувањето се составувале и со зарежување преку двата дела се бележела сметката (вересијата).
Ги бележеше туѓите долгови на рабуш и трпеливо чекаше.
Никој не сакаше да се најде на неговиот рабуш.
Изрази
(посл.) Разбира колку магаре од рабуш.