а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разболи

разболат; разболете; разболев, разболеа; разболел; разболен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5101
1. Направи некој да се стане болен.
Англиски: make sick Албански: smuret
Употреба: Медицина
Примери:
Завиткај го, ќе го разболиш детето.
Брзиот живот и нередовната исхрана го разболеа човекот.
2. заболи
Англиски: hurt Албански: dhemb
Употреба: Безлично , Разговорно
Примери:
Срце ја разболе
3. (се разболи) Падне болен.
Англиски: sicken Албански: smuret
Употреба: Медицина
Примери:
Се разболи одеднаш.
Без работа тој ќе се разболи.
Досега вкупно од грип се разболеле 5.343 луѓе, а двајца пациенти умреле.