разводник
мн. разводници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 24353
1.
Лице што разведува стражи.
Примери:
Требаше да се јавам кај разводникот на стражата.
Вид: чин (м.)
2.
Лице што во сали ја распоредува публиката.
Примери:
Немаше разводник, та беше тешко да си го најдеш местото.
3.
На парна машина или друг вид машина.
Примери:
Разводникот беше веќе неупотреблив.