размрси
размрсат; размрсил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20618
1.
Разврзе, расплете, размота нешто замрсено.
Англиски:
disentangle
Албански:
zgjidh
Не можеше косата да си ја размрси.
2.
Направи нешто да стане јасно; разбирливо, поимливо.
Примери:
Ќе ги размрсат сите планови на пропагандите.
Слично со:
разјасни (св.)
3.
(се размрси) За нешто замрсено - се разврзе, се расплете.
Англиски:
disentangle
Албански:
zgjidhet
Гривата му се размрси.
4.
Стане јасно, поимливо, разбирливо.
Примери:
Најпосле се размрси неговиот случај.