разоружи
разоружат; разоружи, разоружете; разоружив, разоружија; разоружил; разоружев, разоружеа; разоружел; разоружен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15810
1.
Лиши некого од оружјето.
Примери:
Разоруживме цел непријателски баталјон.
Ја разоружија тврдината.
2.
Лиши некого од силите и можностите за борба, поткопа желба за отпор.
Примери:
Неговиот говор ги разоружи сите нив.
3.
(се разоружи) Се лиши од оружјето, се обезоружи.
Примери:
Се разоруживме и се предадовме.