рало
мн. рала
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 4991
1.
Дрвено земјоделско орудие за орање.
Примери:
Да си го поправи ралото!
2.
Мерка за земја - површина што може да се изора за еден ден со едно рало волови.
Англиски:
measure
Албански:
masë, matje
Имаше само пет рала земја.
3.
Обично за обувало и облека - чифт.
Англиски:
pair
Албански:
çift, palë
Едно рало чевли.
Рало обетки.
Две рала сватови.
4.
Ѕвездите од соѕвездието Орион.
Вид: соѕвездие (ср.)
Изрази
Деветмина браќа со едно рало гаќи - голема сиромаштија.