рамнодушен
рамнодушни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3204
1.
Кој не пројавува интерес кон она што го окружува, безразличен.
Англиски:
indifferent
рамнодушен човек
Слично со:
индиферентен (прид.)
2.
Кој не чувствува интерес, наклоност кон нешто или кон некого; кој не чувствува љубов, симпатии кон некого.
Англиски:
indifferent
Беше многу рамнодушен кон жените.
Тој е скоро рамнодушен кон учењето.
Слично со:
незаинтересиран (прид.)
3.
Кој изразува рамнодушност, безразличност.
Англиски:
indifferent
рамнодушен поглед
рамнодушен вид