рамнотежа
мн. рамнотежи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2884
1.
Во физиката - состојба во која спротивно насочените сили врз едно тело се изедначени.
Англиски:
equlibrium
Албански:
drejtëpeshim
Рамнотежа меѓу побарувачката и потрошувачката.
Слично со:
баланс (м.)
2.
Положба кога нешто без опора се задржува да не падне.
Примери:
Со рацете држеше рамнотежа.
Ја загубив рамнотежата и паднав.
нарушена рамнотежа
Слично со:
баланс (м.)
3.
Здрав сооднос меѓу нешто, израмнување едно нешто со друго.
Примери:
Тој држеше рамнотежа во управата.
4.
покој, спокојство
Англиски:
balance
Албански:
qetësi, terezi
Го исфрли од рамнотежа.
нарушена душевна рамнотежа
Слично со:
спокојство (ср.)
Изрази
Исфрли (извади) од рамнотежа (некого) - направи некој да изгуби контрола над себе, крајно да се изнервира.