ран
раниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 2789
1.
Кој претставува почеток на некое време; кој претставува почеток на некој процес, прв степен на развитокот на нешто.
Англиски:
early
Во рана пролет.
Во рана младост.
Рано детство.
Ран романтизам.
Спротивно од:
доцен (прид.)
2.
Кој се јавува или узрева пред другите, прв.
Англиски:
first
Рани петли.
Рана пченица.
Ран зеленчук.
3.
Кој настанува пред време.
Англиски:
early
Рана смрт.
Рано породување.
Слично со:
предвремен (прид.)
Изрази
(посл.) Рано пиле рано пее.
(посл.) Кој рано рани две среќи граби.