а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

раскисели

раскиселат; раскиселил
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да стане кисело, скисели.
Албански: thartoj
Примери:
Ми го раскисели виното.
2. Онерасположи, расипе расположение некому.
Примери:
Ги раскисели гостите со невкусните шеги.
3. (се раскисели) Стане кисел, се скисели.
Албански: thartoj
Примери:
Не ставај повеќе оцет, ќе се раскисели.
4. (се раскисели) Се онерасположи, стане нерасположен.
Албански: indisponoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
И ти се раскисели нешто.