распрсне
распрснат; распрсни, распрснете; распрснав, распрснаа; распрснал; (ќе) распрснев, (ќе) распрснеа; (ќе) распрснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7736
1.
Прсне на разни страни, растури.
Примери:
Ги распрсна синовите по светот.
Слично со:
растера (св.)
2.
Направи нешто да се расее, да исчезне.
Примери:
Тоа можеше да му ги распрсне тешките мисли.
3.
Направи нешто да се разнесе.
Примери:
Само момчето можеше да ги распрсне тие слухови.
Слично со:
распространи (св.)
5.
(се распрсне) се растури, се разбега
Примери:
Јунаците од страв се распрснале.
6.
(се распрсне) се расее, се разлета
Примери:
Мислите ми се распрснаа.