распушти
распуштат; распуштил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15864
1.
Пушти на одмор.
Примери:
Денеска ќе ги распуштат училиштата.
Собранието го распуштија до почетокот на септември.
2.
Дозволи да се разотидат; ослободи од служба.
Примери:
Ќе ги распуштат работниците.
4.
Ослаби контролата над некого, направи некој да стане своеволен, недисциплиниран.
Примери:
Баба му го галеше многу, та го распушти.
6.
(се распушти) се растегне, се разлабави
Примери:
Ми се распушти фанелата.
7.
(се распушти) Стане неуреден.
Албански:
çregullt
Знаејќи болниот оти ќе умира, се распуштил да јаде и да пие.
8.
(се распушти) Стане своеволен, недисциплиниран, непослушен.
Примери:
Многу ти се распуштиле децата.