а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

растеж

(едн.) растежот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13313
1. Животен процес на растителните и животинските организми, растење.
Англиски: growth Албански: rritje
Примери:
Растежот на растенијата.
Растежот на тревата.
2. Зголемување на бројот на нешто.
Англиски: growth Албански: rritje
Примери:
Растежот на приходите.
Растежот на населението.
3. засилување, закрепнување, расцветување
Англиски: growth Албански: rritje
Примери:
Растежот на домашното стопанство.
Растежот на силата.
4. Издигање, усовршување, достигање повисок степен на развиток.
Англиски: growth Албански: rritje
Примери:
Растежот на кадрите.
Идеен растеж.
Културен растеж.