рај
(едн.) рајот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1799
1.
Според религијата - место каде што душите на праведните живеат во блаженство.
Примери:
Ги истерале од рајот.
2.
Место каде што може безгрижно и среќно да се живее.
Примери:
Ќе создадеме рај на земјата.
Кај него дома е - рај.
Земен рај.
Изрази
(посл.) Нека сум во рај, да ако сум на крај - ќе се задоволам и со споредно место, само да ми е добро.