регистрација
  
    
    
  
  
      
          
             мн. регистрации
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 13651
	    
	
    
    
      
          1.
          Запишување податоци во регистар.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              регистрација на вработените
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  запишување (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Запишување факти или појави заради статистика.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              регистрација на фактите
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Венчање пред граѓанските власти. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ве каниме на регистрацијата на нашиот син.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  венчање (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Технички преглед и запишување на превозно средство (возило, авион, брод) во регистар.
        
         
	              Автомобилот треба да се носи на регистрација.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Бројот на табличките на возилото или на превозното средство.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Возило со регистрација SK 4371 MK.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Документ со кој се потврдува регистрацијата на превозното средство.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој ја покажа регистрацијата на полицаецот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          регистрациски прид.
регистрацискиот
          
          
          
        
      
    
регистрацискиот