редакција
мн. редакции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6123
1.
(само едн.) Обработка, приготвување текст за печат.
Примери:
Треба веќе да почнеш со редакцијата на статијата.
Слично со:
обработка (ж.)
2.
(само едн.) Раководство на издание на книга, списание и сл.
Англиски:
editor in chief
Албански:
udhëheqje
Книгата ќе излезе под негова редакција.
3.
Оваа или онаа формулировка на писмено излагање.
Англиски:
formulation
Албански:
formulim
Нова редакција на заклучоците.
4.
Варијанта на некое уметничко дело или на негов дел.
Примери:
Излезе нова редакција на расказот.
5.
Колектив од редактори.
Англиски:
editorial staff
Албански:
stafi editorial
Редакцијата на весникот смета дека тоа не може да се печати.
6.
Простории во кои се редактира некое издание.
Англиски:
editorial office
Албански:
redaksi
Редакцијата на весникот се наоѓа на вториот кат.