рефус
(едн.) рефусот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 53494
1.
Стока или прехранбени производи што претставуваат отпадок при производството, но можат да се користат.
Англиски:
refuse
Рефусот од производството го пакуваа во големи картонски кутии.
2.
Прехранбени производи што немаат некоја стандардна амбалажа, а се продаваат на мерење и со пониска цена.
Рефус кондиторски производи.
Купува кикиритки рефус.
Зема од рефусот кафе и бисквити.
Изрази
рефус пораки - голема количина испратени електронски пораки