а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

риба

мн. риби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 967
1. Вид водно животно.
Латински: Pisces Англиски: fish Српски: риба Албански: peshk Бугарски: риба
Употреба: Зоологија
Примери:
Одам на риба (да ловам риба).
Фати една риба.
Мириса на риба.
Лов на риби.
Богат со риби.
Морска, речна, слатководна риба.
Пресна (свежа) риба, сува, сушена риба.
Солена, пржена, печена риба.
2. Парче, резанка од нешто (обично леб).
Англиски: slice Албански: rriskë
Примери:
Голема риба леб.
3. Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 20 февруари до 20 март.
Англиски: Pisces
Употреба: Астрономија
Изрази
Во матно (матна вода) фаќа риба.
(посл.) Голема риба - голема вода бара.
(посл.) Големите риби ги јадат малите.
(посл.) Рибата смрди од главата.
(Се чувствува) како риба во вода.
Ситна риба - безначаен човек.
(посл.) Нејќе мачка риба (мачка риба не јаде).
(посл.) Рибата во вода (в море), тавата на оган.
Прета како риба на суво.
Нем (молчи) како риба.
Ни рак, ни риба.