а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рог

мн. рогови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2477
1. Тврд израсток на главата на некои животни.
Англиски: horn Српски: рог Албански: bri Бугарски: рог
Употреба: Зоологија
Примери:
Фати го волот за рогови и одведи го.
вити рогови
со скршен рог
Чешелот е од рог.
2. Сличен израсток кај некои инсекти.
Англиски: feeler Албански: bri
Употреба: Зоологија
Примери:
Полжавот пушта рогови.
3. Подуено место од удар, змучка.
Англиски: bump Албански: gung
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
Се чукна и му излезе рог.
4. Музички или сигнален инструмент со форма на рог.
Англиски: horn Албански: bri
Употреба: Музика и танц
Примери:
Ловечки рог.
5. Рог за барут.
Албански: bri
Употреба: Воен термин
6. Остар крај на неполна месечина.
Англиски: sickle Албански: drapër, bri
Употреба: Астрономија
Примери:
(нар. поез.) Месечина рог подаде, / рог подаде, да изгрее.
Изрази
Улавите / будалите не се со рогови.
(посл.) Волот се врзува за рогови, а човекот за јазик.
Како рогови во вреќа.
Кој бара рогови, ќе ги загуби и ушите.
(посл.) Камилата отишла да бара рогови, па останала и без уши.
Лаги со рогови.
Му ги скрши роговите.
Си ги покажа (пушти) роговите.
(Про)даде рог за свеќа.
(книж.) Рог на изобилието.
Темно како в рог.
Во козји рог.
(разг.) Бара рогови.