рог
мн. рогови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2477
1.
Тврд израсток на главата на некои животни.
Примери:
Фати го волот за рогови и одведи го.
вити рогови
со скршен рог
Чешелот е од рог.
2.
Сличен израсток кај некои инсекти.
Примери:
Полжавот пушта рогови.
4.
Музички или сигнален инструмент со форма на рог.
Примери:
Ловечки рог.
6.
Остар крај на неполна месечина.
Примери:
(нар. поез.) Месечина рог подаде, / рог подаде, да изгрее.
Изрази
Улавите / будалите не се со рогови.
(посл.) Волот се врзува за рогови, а човекот за јазик.
Како рогови во вреќа.
Кој бара рогови, ќе ги загуби и ушите.
(посл.) Камилата отишла да бара рогови, па останала и без уши.
Лаги со рогови.
Му ги скрши роговите.
Си ги покажа (пушти) роговите.
(Про)даде рог за свеќа.
(книж.) Рог на изобилието.
Темно како в рог.
Во козји рог.
(разг.) Бара рогови.