а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

роден

родени
Вид збор: Придавка
Ранг: 768
1. Кој дава плод, род.
Англиски: fruitful Албански: pjellor
Примери:
родна земја
родно дрво
родна година
2. За куќа, место, земја - во кој е некој роден.
Англиски: native Албански: i lindjes
Примери:
неговото родно место
во родниот град
родна грутка
3. Што се произведува во родината, што е сврзан со родината, со родната земја, со народот.
Англиски: home Албански: i lindjes
Примери:
родната индустрија
4. Што има дарба, наклоност кон нешто.
Англиски: talented Албански: i lindur
Примери:
роден поет
родена пијанистка
5. Што се наоѓа во најблиско крвно родство.
Англиски: born
Примери:
роден брат, родена сестра
роден татко, родена мајка
(разг.) роден ден
родено име
Изрази
Жив човек од мајка роден - вистински човек, човек на место.
Како од мајка роден - гол.
Книга на родените - книга за матична евиденција на новородените.