ротација
мн. ротации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 31502
1.
Вртење, кружење на некое тело околу својата оска.
Примери:
Ротација на Земјата околу својата оска.
Ротација на правоаголник.
Слично со:
вртење (ср.)
2.
Наизменично, последователно менување положба, на функција, измена, смена и сл.
Примери:
Ќе ги фати и нив ротацијата.
Ротација на носителите на јавни функции по истекот на изборниот период.
3.
Видови машини чиишто делови со своето ротирање вршат работа (во земјоделството, во печатарството).
Примери:
Ротацијата веќе го печатеше утринското издание на весникот.