а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рошка

мн. рошки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 28455
Суви гранки, шишарки, деланки што служат за потпалување на огнот.
Англиски: brushwood
Примери:
Насобра цел товар суви рошки и ги фрли во огнот.
Изрази
Се качила вошка на рошка, дигнала опашка - се вели кога некој сиромав, беден ќе дојде до некоја пара, позиција и сл. и ќе почне да се крева на високо.