руба
(едн.) рубата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6148
1.
облека, алишта
Примери:
Направи ми една машка руба.
Облечи ја мојава руба.
комитска руба
чиста руба
зетовска руба
2.
невестинска спрема
Англиски:
dowry
Албански:
prikë, veshje nusrie
Ми донесе три товара руба.
Сватовите ја товараат невестинската руба.
Слично со:
чеиз (м.)
3.
Обичај во некои краеви во Македонија – 7 дена пред свадбата роднините и пријателите на невестата одат кај младоженецот со подароци.
Слично со:
подарок (м.)
Изрази
(посл.) Руба краси, руба гнаси - облеката го прави човека.
Изведенки
1.
рубичка ж.
мн. рубички
дем. и хип.
мн. рубички
дем. и хип.
2.
рубиште ср.
мн. рубишта
аугм. и пејор.
мн. рубишта
аугм. и пејор.