а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

салата

мн. салати
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7266
1. Растение со сочни и кревки лисја.
Латински: Lactuca sativa Англиски: lettuce Албански: marule
Употреба: Ботаника
Примери:
Се јавија веќе и првите салати.
2. Додаток кон друго јадење - зеленчук полеан најчесто со оцет и масло.
Англиски: salad Албански: sallatë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Салата од зелка. Мешана салата
Салата од краставици и домати.
Шопска салата. Руска салата.
3. Испокината книга или нешто слично.
Англиски: scrap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа е салата, а не книга.