сам
самите
Вид збор: Заменка
Ранг: 1413
1.
(при именки или лични заменки, обично членувано) За укажување на лице или предмет што непосредно учествува во дејството или се јавува како негов извор или објект.
Примери:
Во текот на самата емисија.
На самиот раб на пропаста.
Почна од самиот себеси.
2.
(во самостојна употреба) Место именка или лична заменка.
Примери:
Фати самиот да работи.
Сакаше песна, а понекогаш и сам ќе запееше.
3.
(при именки или лични заменки) За потцртување на важноста, значењето на некое лице, предмет.
Албански:
vetë
Самиот Господ ѝ се јавил.
Самиот директор присуствувал на испитот.
На собирот беше и самиот тој.
4.
(за укажување на лице или предмет што учествува во дејството) Самостојно, без туѓа помош или мешање; по своја иницијатива, доброволно.
Албански:
vetë
Сѐ работи сама: сама пере, сама готви, сама чисти.
Сам се удри.
Сам се јави, никој не го тераше.
5.
(при именки што означуваат качество, својство) Се јавува со значење: овоплотување, олицетворување.
Англиски:
personification
Албански:
personifikim
Ја гледаш ли неа - ја гледаш самата чесност.
Слично со:
олицетворување (ср.)
Изрази
Сам со себе - означува дека дејството не излегува надвор од субјектот.
Сам од себе - без дејство влијание однадвор, отстрана.
Сам по себе - јасно е, се разбира и сл. без да се објаснува, докажува.
(разг.) Сам-самичок - сосема сам.
Се надмина самиот себеси - направи, постигне повеќе од очекуваното, се покаже поспособен и сл.
Изведенки
1.
самичок прид.
самичкиот
самичкиот
2.
саменичок прид.
саменичкиот
хип.
саменичкиот
хип.