а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

самострел

мн. самострели
Вид збор: Именка, машки род
Рачно ладно оружје за борба, лов и спорт со кое се исфрлаат стрели и кугли.
Англиски: crossbow
Примери:
Овој самострел, пронајден минатата недела, е совршено зачуван, а според анализите можел да исфрли стрела на далечина од речиси 800 метри.
упатство за одржување на самострелот