самоуправа
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12572
1.
Право на некоја организација да ги решава сама прашањата на својата внатрешна управа.
Примери:
Локална самоуправа.
Општинска самоуправа.
Самоуправата на комуните.
2.
Право на некоја државна единица самостојно да ги решава своите внатрешни проблеми.
Примери:
Борба на независните земји за самоуправа.