сателит
мн. сателити
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12463
1.
Сопатник на небесно тело.
Примери:
Месецот е сателит на Земјата.
вештачки сателит
2.
Слеп следбеник, зависно, потчинето лице на туѓа волја; држава или влада што и се покорува слепо на владата на друга, посилна држава.
Примери:
Неговите сателити добро го слушаа.
сателитите на империјализмот