сведок
мн. сведоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1475
1.
Лице што присуствувало лично на извршувањето на нешто, посматрач на нешто.
Примери:
Тој е сведок дека делото го извршил старецот.
По прикажувањето на сведоците.
Тој е сведок на неговата слава.
(разг.) Жив сведок.
2.
Лице што дава пред суд изјави по некој процес, дело и сл.
Примери:
Утре ќе почне распитувањето на сведоците.
Го повикаа за сведок.