а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

свет

мн. светови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 121
1. (едн.) Целата материјална стварност, вселена, земјата со сите што суштествуваат на неа.
Англиски: world Албански: botë
Примери:
Светот е бескраен.
делови на светот
страни на светот
пат по светот
пропаст на светот
Откако е создаден светот.
2. (едн.) луѓе, човештво, општество
Англиски: people
Примери:
Многу свет се собра.
чуден свет
На светот устата не можеш да му ја затнеш.
3. (едн.) Животот на луѓето, општествената стварност, век.
Англиски: life
Примери:
Ништо не останува од светот.
(разг.) Светов (веков) е скала.
4. Особен дел од човештвото.
Англиски: world
Примери:
христијанскиот свет
словенскиот свет
5. Одделен, ограничен круг луѓе, суштества, предмети, поими и сл.
Англиски: world
Примери:
спортскиот свет
младиот свет
учениот свет
животинскиот и растителниот свет
женскиот свет
научен свет
филмски свет
6. Определен, посебен дел од живите суштества во природата.
Примери:
морски свет
растителен свет
светот на животните
Изрази
Бел свет - целиот свет.
Божји свет.
Видел свет.
Види (бел) свет, дојде на свет - се роди, се појави.
Го испрати на тој свет.
Душа и свет му е.
За сѐ (ништо) на светот.
На крај (на, од) свет(от).
На овој свет.
Замина на оној свет - умре, почине.
Новиот Свет - Америка.
Од крај (на) свет(от).
Пушти на свет.
(посл.) Свет (село) се плени, баба се чешла.
Стариот Свет - Европа.
Тие се два света - сосема различни.
Мал е светот - сѐ се дознава.