свикне
свикнат; свикни, свикнете; свикнав, свикнаа; свикнал; свикнат; свикнев, свикнеа; свикнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5925
1.
(преод.) Направи да добие некој навик.
Примери:
Ќе се помачиш и ќе го свикнеш на ред.
2.
(непреод.) Добие навик, се приспособи кон некој или нешто.
Примери:
Свикна веќе на новата средина.