а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

свири

свират; свирел; свирен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1146
1. Исполнува мелодија на некој инструмент.
Англиски: play Албански: luaj, i bie
Употреба: Музика и танц
Примери:
Музиката престана да свири.
(разг.) Како ќе ти свират, така ќе играш.
Свири прва виолина.
2. Умее да се служи со некој инструмент.
Англиски: play Албански: i bie, luaj
Примери:
Знаеше да свири на пијано.
3. (за музички инструмент, за радио) - Издава мелодии.
Англиски: play Албански: bën muzikë, luaj
Употреба: Музика и танц
Примери:
Слушај, свири хармоника.
Радиото свиреше непрекинато.
4. За локомотива, брод, автомобил и друго превозно средство - издава остар звук како сигнал.
Англиски: whistle Албански: fishkëllon
Примери:
Локомотиви свиреа.
Автомобилите не смеат да свират во градот.
5. Издава звук или мелодии со уста.
Англиски: whistle Албански: fishkëlloj
Примери:
Одеше полека и си свиреше.
6. За некои инсекти, птици - црцори, брмчи.
Албански: cicërroj
Употреба: Зоологија
Примери:
Свират црцорци.
7. За силен ветер, фучи.
Англиски: whistle Албански: fishkëllon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ама свири ветрот.
8. За куршуми, гранати - фрчи.
Англиски: whistle Албански: fishkëllon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Куршуми свират околу нас.