сврдел
мн. сврдли
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 11711
1.
Направа за правење дупки во дрво, метал и сл.
Примери:
Без сврдел не може да се продупи дрвото.
Вид: алат (м.)
2.
продорен човек
Примери:
Го знам што сврдел е.
Изрази
(посл.) Сврдел в торба не се крие - не може да се скрие тоа што јасно се гледа.
(посл.) Со сврдел ум не се става - тешко може да му се помогне на мрзливиот, глупиот.