себе
Вид збор: Заменка
Ранг: 71
(датив – себе (си) си; (ген. - акузатив) – себе(си) Го заменува секое лице во еднина и множина.
Примери:
Си рекол сам со себе.
(разг.) Дојде на себе(си).
Надвор од себе(си) е.
Не е на себе(си).
Владее со себе.
Се затвори во себе.
Земе на себе.
Изрази
Само по себе - се подразбира како објективна реалност.
Држи до себе - внимава на себе, на своето однесување, облекување и сл.
Се задлабочи во себе - се замисли.
Не е при себе(си) - не е при свест, не е свесен за своите постапки.