седло
мн. седла
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 8552
1.
Седало на јавач закрепено на коњ.
Примери:
(разг.) За магаре седло.
дамско седло
2.
На велосипед, мотоцикл, трактор и сл. - седиште.
Англиски:
saddle
Албански:
shalë, ulëse
Го зеде велосипедот, се фрли на седлото и го снема.
3.
Вдлабнато место на било.
Примери:
Одеше по седлото на планината.