а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сеир

мн. сеири
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13233
1. гледање, посматрање
Англиски: watching Турски: seyir
Употреба: Архаизам , Разговорно
2. Забавна глетка, нешто што заслужува да се види.
Англиски: enjoyment Турски: seyir
Употреба: Архаизам , Разговорно
Изрази
Гледа сеир - гледа што се случува и не се меша.
Чини сеир - гледа, посматра, ужива во нешто, се забавува.
Фаќа сеир - гледа се забавува со посматрање на нешто.
Унери и сеири - чуда и забавни глетки.
Си прави сеир со умот - си замислува нешто убаво, крои убави планови.
Изведенки
сеирлак м.
мн. сеирлаци
Пример: Спасот не е во сеирлакот.