секој
секои
Вид збор: Заменка
Ранг: 96
1.
За човек, луѓе - се однесува поединечно за сите.
Примери:
Секој може да помогне.
Секој од вас нека се изјасни поединечно.
(посл.) Секој човек си има своја среќа.
Спротивно од:
никој (зам.)
2.
Се однесува на сѐ, сите поими и предмети.
Англиски:
every
секое утро
секоја недела
на секој чекор
Изрази
За секој случај - добро е да се преземат мерки на претпазливост.
По секоја цена - задолжително, без оглед на последиците и проблемите.
Секое зло за добро - во секое зло може да има нешто добро.
Секоја чест - признание за направено нешто, израз на почитување.