секретар
мн. секретари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2499
1.
Лице што се грижи за дневната работа на една организација.
Примери:
секретар на директорката
2.
Лице што го води записникот на некое собрание.
Примери:
Секретарот најпрвин го прочита записникот од минатото заседание.
Слично со:
записничар (м.)
3.
Избран раководител на некоја општествена организација.
Примери:
секретар на комитет
генерален секретар на партија
генерален секретар на Обединетите нации
Слично со:
раководител (м.)
4.
Во некои земји - министер.
Примери:
секретар на секретаријатот за народно здравје
државен секретар
Слично со:
министер (м.)
5.
Лице што ја води организационо-извршната работа на весник, научна установа и сл.
Примери:
научен секретар
секретар на редакција