а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

семе

семиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2107
1. зрнце на растение
Англиски: seed Српски: семе Албански: farë Бугарски: семе
Употреба: Ботаника
Примери:
Фрли семе.
ленено семе
(нар. поез.) Од семе ли си никнало, од бога ли си паднало.
(разг.) За семе.
2. Никулец, почеток, извор на нешто.
Англиски: seed Албански: farë. bërthamë
Употреба: Преносно значење
Примери:
семе на раздор
семето на бунтот
3. сперма
Англиски: sperm Албански: farë, spermë
Употреба: Медицина
Примери:
машко семе
4. потомство, поколение, род
Англиски: progeny Албански: farë, brez
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе се намножи семето негово.
ѓаволско семе
Изрази
Семе да не остане - сѐ да се уништи, да се убие.
(клетва) Да ви се затре семето!